Здраво, оваа порака е до по искусните Wazeri во Скопје и околината, дали ке може да се додадат сите камери, имам јас барем 4ти што ги видов низ град но не се додадени, слоподно пишете ПМ и ќе ви кажам каде се.
Со почит
I had the same issue. Where do I report cameras not already on the map
Здраво на сите. Знаеме дека почна пробниот периот со Safe City, пробуваме сите да допринесеме колку што можеме и да ги ставиме сите камери на клучните крстосници. Доколку видете дека не се ставени слободно рапортирајте и ставете коментар за камери.
Се надевам дека ќе ги поставиме сите камери низ земјата пред 1ви Јануари.
Поздрав до сите и се читаме!
Kade da stavime tuka ili vo drug poat?
Приметив дека во Скопје во последниве 3 денови се додадени многу погрешно обележани камери во апликацијата, и тоа:
- Камери на места каде нема - не постојат
- Камери кои се означени како Speed или Speed and Red Light камери, а станува збор за surveillance камери кои не мерат брина и не забележуваат „црвено светло“ прекршок.
Не е лошо да се поведе сметка малку повеќе околу веродостојноста на податоците, бидејќи со бележење на неточни позиции и податоци, ја правиме апликацијава неупотреблива.
Поздрав!
Здраво. ме интересира како може да додадам камери, и накај Грција фалат неколку и по обиколница кај Скопје има што фалат?
Здраво на сите,
Како што сте приметиле, последните денови се додадени камери на клучните крстосници низ Скопје по основ на активни рапорти од колеги вазери. Ние се обидуваме на сите рапорти да им посветиме внимание и да ги земеме во целост како доверливи и точни што не секогаш е така. Секако дека има и рапорти што се лажни, парцијални и нецелосни. Веќе неколку години функционира системот со камерите за автоматско регулирање на сообаќајот низ градот како не би се создале гужви и колони во критичните часови и како би се задржал тој „зелен бран“ низ градот. Истите тие камери што веќе беа поставени и покрај другото се и за надгледување и превземање корективни мерки во областа на безбедноста.
На Дискорд има сервер каде што полесно комуницираме сите, но и тука да напоменам дека покрај камерите за поминување на црвено светло и брзина на движење, има и камери што регистрираат носење на безбедносен појас, зборување на мобилен, вклучени светла дење/ноќе, застанување или паркирање на недозволени места, непрописно престројување во кружен тек или крстосница, непропуштање на пешаци на пешачки премин итн. Се согласувам дека некои не се соодветно обележани но не значи дека камерите што се поставени а не се за мерење на брзина и поминување на црвено светло, не се за регистрација на веќе споменатите прекршоци и дека не треба да бидат обележани на истите сообраќајници. Треба да се ревидираат сите камери, можеби прво по локација па потоа по опција за која што се наменети. Истите се од информативен карактер за возачите за контролни точки на некоја сообраќајница, како што се и другите известувања за брзина на движење итн.
Доколку имате сугестија, предлог, критика, сите ќе ги разгледаме и конструкивно ќе пристапиме кон нив.
Благодарни сме за зголемениот интерес за апликацијата и ни значи Вашето мислење.
Поздрав.
Здраво,
Може да репортирате од апликацијата и да оставите коментар во истата за нивната локација.
Сите рапорти ги разгледуваме и соодветно реагираме. Доколку нема камери на некоја локација, истите ќе бидат додадени.
Можеби заради неможноста од ставање на коментар во истиот момент кога се праќа рапортот, доволно е само да рапортирате. Потоа преку апликацијата ќе Ве контактираме и ќе ни пишете за што се работи.
Поздрав
Секоја камера треба да биде обележана според нејзината точна функција, моментално поради зголемениот интерес се обележани сите можни камери дека детектираат брзина - ова ја прави апликацијата нерелевантна и наскоро може целосно да се изгуби интересот за неа.
И да дополнам , нема потреба од поставување „фантомски“ камери кои не постојат (а ќе постојат во иднина). Кога ќе се постават камерите, ќе се додат.
Не се поставуваат фантомски камери, него се поставуваат камери на места каде што се пријавени од колегите кои ја користат апликацијата.
Деновиве имаме многу нови корисници, повеќето од нив не знаат да ја користат апликацијата и можеби прават грешки кога пријавуваат камери низ Скопје. Гледаат камера за регулирање на сообраќај а пријавуваат за мерење брзина итн.
Доколку ја користите активно апликацијата, пријавете на која локација има “фантомски“ камери и ќе ги корегираме со соодветни.
Дилемата со камерите е реална. Прилично сум сигурен дека сините камери од компанијата TATL се единствените што навистина се сигурни и функционални за користење како камери за црвено светло. Другите камери долж улицата се само за локален мониторинг. Камерата мора и конкретно да биде поставена зад семафорот за да може да се користи како камера за црвено светло. И сè уште има многу крстосници во градот каде што има камера за црвено светло само од една страна, но од другата страна нема камера, ниту пак има конструкција за неа, што ја прави ситуацијата многу збунувачка. Искрено, не сум сосема сигурен ниту како точно го прават тоа, ниту зошто го прават на овој начин. Така што дефинитивно ќе биде мисија да се постават сите на мапата. Но со помош на нашата заедница, на Gunner и на другите членови од тимот, би требало да успееме да го завршиме тоа.
Fali kamera na nadvoznjakot vrz avtopatop kaj prilepska pivara
Здраво,
Да бидеме по прецизни, претпоставувам има камера за мерење брзина, носење безбедносен појас, зборување на мобилен.
Поздрав
Kameri koj gi vidov a ne se dodadeni
ovaa raskrsnica petrovec
raskrsnicata od star pat kon dracevo
na kruzniot tek
i na krivinata pred kruzniot tek